Воена состојба во Турција: Ердоган гневен ги обвинува САД за создавање на „терористичка армија“

Facebook
Twitter
Email
Print

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека турската воена операција во северна Сирија може да почне во секој момент, во обид да се спречат плановите на САД да ѝ дозволат на курдската ЈПГ (Единици за народна заштита) да формира нова сила од 30.000 војници во регионот, нарекувајќи ја групата „армија на теророт“.

 

Ердоган обвини дека САД се обиделе да создадат „терористичка армија“ на границата меѓу Турција и Сирија и вети дека Турција ќе ги „уништи овие сили пред да се појават“.

 

„Државата што ја нарекуваме сојузник се обидува да создаде терористичка армија на нашата граница … Тие го признаваат тоа“, рече Ердоган.

 

Турскиот претседател рече дека турските вооружени сили ги завршиле подготовките за операција во контролираниот од Курдите регион на Африн, во северозападна Сирија и во градот Манбиџ.

 

„Ги завршивме нашите подготовки. Операцијата може да почне во секој момент“ рече Ердоган денеска во Анкара, мислејќи на Африн и Манбиџ, кои се под контрола на ЈПГ.

 

Воведена е и воена состојба во реонот Рејханли во провинцијата Хатај, долж границата со Сирија. Армиските сили распоредени во реонот се ставени во втор степен на борбена готовност, а на цивилите им е дозволено движење само со посебно одобрение од властите. На сите патни правци се распоредени воени и полициски патроли.

 

Во меѓувреме, турската армија соопшти дека во последните 24 часа извршила најмалку 40 артилериски напади врз позициите на силите за заштита на народот на сириските Курди.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи