Речиси три четвртини од осудените за тероризам во САД се родени во странство

Facebook
Twitter
Email
Print

Речиси три четвртини од луѓето кои по 2001 година во САД се осудени за кривични дела поврзани со тероризам, се родени во странство, соопшти американското Министерство за внатрешна безбедност.

 

Федералното министерство објави извештај. кој доаѓа во време кога Администрацијата на претседателот Доналд Трамп се обидува да ги прекине програмите кои дозволуваат да се примат мигранти, без да се процени дали ќе бидат од корист за САД.

 

По нападите на 11 септември 2001 година, 549 ​​лица биле прогласени за виновни од федералните судови во САД под обвинение за тероризам. Од нив 402, односно 73 отсто, се родени во друга земја, при што 148 се натурализирани Американци, а 254 со друго државјанство. Останатите 147 осудени се американски државјани по раѓање.

 

Во овој период од над 16 години, 1.716 странци се протерани од САД поради тоа што претставувале закана за националната безбедност, стои во извештајот кој бил изготвен по налог на Трамп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци