Во клубските простории на фудбалскиот клуб од Прилеп, ФК Победа беше одржан состанок на бордот на директори, на кој беше одлучено на местото на досегашниот извршен директор Гоце Ингилизов, на кого му беше прифатена оставката, за привремен в.д. директор да биде избрана косопственичката на „Комфи Ангел“, Ирена Јакимоска.
Со ова најверојатно ќе бидат надминати и дел од финансиските проблеми што ги има прилепскиот прволигаш. Оваа зима од тимот си заминаа голем дел од фудбалерите кои го носеа дресот на Победа изминатата есен.
Повеќе информации за состанокот и клубските актуелности ќе се дознаат на утрешната прес-конференција свикана во 18:30 во просториите на клубот.