Новиот Клинички центар ќе се гради 3,5 години и ќе чини 120 милиони евра

Facebook
Twitter
Email
Print

Владата ги разгледа сите опции и до крајот на февруари ќе се донесе конечната одлука за изградба на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, по што ќе почне изградбата. Засега, не се открива дали објектот ќе се гради на истата локација.

 

За изградба на новиот објект на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ ќе бидат потрошени 120 милиони евра, од кои 50 ќе бидат од државната каса, а 70 ќе се земат како кредит од Банката на Советот на Европа, информираше денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

 

Рокот за изградба на новиот објект, како што изјави Бошњаковски, ќе биде 3,5 години и дополнителна 1,5 година за реконструкција на постојната зграда на хируршките клиники.

 

„Во новиот објект ќе бидат инкорпорирани 21 клиника, а на постојните сегашни локации ќе останат клиниките за детски болести, кардиологија, инфективна и максилофацијална“, рече Бошњаковски.

 

Бошњаковски денеска потврди дека сега се разгледуваат повеќе опции, но ќе се одбере онаа која е најдобра за граѓаните, како од аспект на пациенти, така и во однос на трошењето на нивните пари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи