Нивото на Сена расте, под вода се повеќе области во Франција

Facebook
Twitter
Email
Print

Француската метеоролошка служба соопшти дека 15 департмани остануваат под портокалов метео-аларм поради излевањето на реките од нивните корита низ целата земја. Сепак, метеоролозите најавуваат уште дожд во претстојните денови.

 

Покрај Париз, каде што се очекува нивото на реката Сена да продолжи да расте до сабота, другите погодени региони се наоѓаат во северниот и источниот дел на земјата, а четири департмани во централна Франција се под препораки за претпазливост поради снег и мраз.

 

 

Метеоролошката служба соопшти дека поплавите се резултат на долготрајните врнежи од дожд наведувајќи дека количеството врнежи во Париз е двојно повисоко од вообичаеното.

 

Во средата и покрај благото подобрување на временските услови, нивото на водата во речните корита низ Франција продолжи да расте, поради што дојде и до промена на железничките и метро-линиите во Париз.

 

Во текот на вчерашниот ден француската метеоролошка служба издаде портокалово предупредување за 23 департмани.

 

На запад од Париз, Сена на некои места се излила од своето корито.

 

 

Метеоролозите предвидуваат дека нивото на Сена ќе се зголемува  до викендот. Се очекува дека реката ќе достигне највисоко ниво од јуни 2016 година, кога властите беа принудени да затворат неколку туристички објекти, вклучително и Лувр.

 

Во вторникот поради излевање на Сена во Париз беа затворени неколку патишта, а крстарењата по реката беа откажани, а вчера беше најавено дека на неколку дена ќе бидат затворени и шест железнички станици во близина на речното корито.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи