Обид за национален консензус за спорот за името

Facebook
Twitter
Email
Print

Утре ќе се одржи координативен состанок на кој ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на разликата околу името меѓу Македонија и Грција, што ја предложи медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц на 17 јануари во Њујорк.

 

Состанокот се одржува на иницијатива на Министерството за надворешни работи во Клубот на пратеници во18 часот.

 

Што сè содржи рамката официјално никој не потврди, но ако се земе предвид што објавуваа медиумите, утре премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, шефот на државата Ѓорге Иванов, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе разговараат за предлогот во кој има пет евентуални решенија за името проследени со предлози како да се нарекуваат и јазикот и националноста. Република Нова/Северна/Горна/Вардарска Македонија или Република Македонија (Скопје) се наводните предлози од медијаторот.

 

В понеделник и вторник Нимиц ќе биде во Атина, а в среда и четврток во Скопје. Тој ги очекува одговорите на раководставта на Македонија и Грција на неговиот пакет предлози.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи