Пентагон не може да оправда трошок од 800 милиони долари

Facebook
Twitter
Email
Print

Една од најголемите агенции на Пентагон не може да ја оправда потрошувачката на 800 милиони долари, се наведува во интерниот извештај на водечката ревизорска компанија, до кој дошол американскиот портал „Политико“.

 

Ревизорската фирма „ Ернст енд Јанг“ открила дека Агенцијата за логистика на америкaнскоото Министерство за одбрана не успеала да документира повеќе од 800 милиони долари вложени во граѓански проекти.

 

„Политико“ наведува дека извештајот доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп предлага зголемување на воениот буџет. Таа ревизија, како што оценува весникот, отвора нови прашања за тоа дали МО може одговорно да располага со годишниот буџет од 700, а камоли со дополнителните милијарди кои Трамп планира овој месец да ги предложи.

 

Како што наведува „Политико“, ревизијата на трошоците на Министерството никогаш не била направена, иако Конгресот има мандат за тоа, а за „неуредната состојба“ за некои членови во книгите на Агенцијата на Министертвото се чини никогаш и нема да може да се направи точна ревизија.

 

„Ако не можете да ги следите парите, никогаш нема да може да направите ревизија“, вели републиканскиот сенатор Чак Гејсли од Ајова кој е висок член на Комисијата за буџет и финансии.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи