Креаторите на „Game of Thrones“ ќе работат на нов серијал од „Star Wars“

Дејвид Бениоф и Ди Би Вајс, креаторите на една од најуспешните ТВ-серии на сите времиња, „Game of Thrones“, се селат во друга голема франшиза.

 

Тие ќе почнат да работат на „Star Wars“, откако ќе заврши последната сезона од „Game of Thrones“ во 2019 година, објави компанијата „Lucasfilm“.

 

Засега за проектот се знае многу малку, а од „Lucasfilm“ открија дека ќе се работи за филмови кои ќе бидат одвоени од главната приказна на франшизата, како и од најавената трилогија на Рајан Џонсон, со цел да се прошири Star Wars универзумот.

 

„Во летото 1977, ние патувавме во галаксија што се наоѓа далеку, далеку оттука и оттогаш сонувавме за ова“, се вели во заедничкото соопштение на Бениоф и Вајс.

 

Кетлин Кенеди, претседател на „Lucasfilm“, изјави дека Бениоф и Вајс „се мајстори за комплексни сцени, темелни приказни и богата митологија, а тоа ќе отвори нови територии и дрско ќе ги продолжи„Star Wars“, на начин, кој го сметам за исклучително возбудлив“.

 

Ова не е првпат дел од тимот на „Game of Thrones“ да соработува со тимот на „Star Wars“. Актерката Гвендолин Кристи ја глумеше Бриен оф Тарт во телевизиската серија, пред да ја преземе улогата на Капетан Фазма во филмовите „The Force Awakens“ и „The Last Jedi“. Нејзината колешка Емилија Кларк ќе има улога во филмот „Solo: A Star Wars Story“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи