Судскиот совет од четврток ќе почне да ги разгледува претставките за разрешување судии, вкупно 110.
Најмногу иницијативи за разрешување се предложени од Советот за утврдување на факти.Три претставки има и од Специјалното јавно обвинителство, а подносители на претставките се и адвокати.
Судскиот совет ќе треба да решава и за иницијативите за разрешување на судиите од Врховниот суд – Јово Вангеловски, Рахилка Стојковска, Ристо Катавеновски, Фаик Аслани и Џемали Саити.
Расправата по оваа точка, како што стои во соопштението, ќе се води зад затврени врати, односно нема да биде дозволено присуство на медиумите.