Пет лица загинаа во невреме во САД

Facebook
Twitter
Email
Print

Пет лица настрадаа во силната бура, која го зафати брегот на Атлантскиот Океан и североисточниот дел на САД. Бурата донесе ветрови со  сила на ураган, дожд и снег, поради што е пореметен сообраќајот, а повеќе од 1,6 милиони луѓе останаа без електрична енергија.

 

Петте лица загинале кога врз нив паднале дрвја. Меѓу загинатите се две момчиња, 16-годишен од Вирџинија и 11-годишен од државата Њујорк, а дрвјата кои паѓале во налет на невремето усмртиле и двајца мажи од Вирџинија и Њупорт, додека 77-годишна жена настрадала пред нејзината куќа во Балтимор.

 

Новата бура, која е наречена „Виндмагедон“, го зафати подрачјето од Северна Каролина до Мејн.

 

Авиокомпаниите во североисточниот дел на САД, откажаа повеќе од 2.800 летови, додека аеродромите во Њујорк речиси се во целосен застој.

 

Федералната влада на еден ден  ги затвори сите канцеларии во областа Вашингтон.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи