Каталонија бира нов претседател

Facebook
Twitter
Email
Print

Шпанскиот регион Каталонија денеска гласа за нов претседател, а според статистиката, најголеми шанси за победа има Жорди Турул, поранешен лидер на каталонското претседателство.

 

Турул е трет кандидат предложен за таа функција по неуспешните обиди да се избере повторно сменетиот лидер Карлес Пуџдемон кој сега е во егзил. Турул е предложен како нов кандиат за претседател на таа шпанска покраина откако сепаратистичкиот кандидат Жорди Санчез се откажа од кандидатура.

 

Сепаратистичките партии претходно го предложија Санчез, кој е во затвор, за нов претседател, но шпанскиот Врховен суд му забрани да присуствува на гласањето и неговиот избор го направи речиси невозможен. 

 

Каталонија речиси половина година е без лидер, откако во кулминацијата на борбата за независност и автономија, Карлес Пуџдемон побегна во Белгија. Од тогаш центалната власт ја презеде контролата врз управувањето на Каталонија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци