Автобус експлодираше во центарот на италијанската престолнина Рим.
Автобусот експлодирал откако претходно бил зафатен од пожар и засега нема информации за последиците, со оглед на тоа дека експлозијата се случила во непосредна близина на станбена зграда.
Патниците излегле од автобусот непосредно пред експлозијата.
Во моментов три противпожарни тима се борат со пожарот, а полицијата побара од локалните жители да ги затворат прозорците поради токсичните гасови кои се ослободуваат од огнот.
Медиумите тврдат дека најголемата компанија за јавен превоз во Рим веднаш отворила истрага за да се утврдат причините за пожарот и експлозијата.
Инаку, ова е веќе седми инцидент од ваков карактер во Рим оваа година.