Шпанскиот гигант Барселона стана првиот клуб во историјата кој има свои играчи во сите групи на Светското првенство.
Каталонците имаат 13 претставници на Светското првенство 2018 во Русија, при што најмалку еден од нив игра во секоја од осумте групи.
Фудбалерите од Барселона на СП 2018:
Група А: Луис Суарез (Уругвај)
Група Б – Жерар Пике, Серхио Бускетс и Жорди Алба (Шпанија)
Група Ц – Самјуел Умтити и Усман Дембеле (Франција)
Група Д – Лионел Меси (Аргентина), Иван Ракитиќ (Хрватска)
Група Е – Филипе Кутињо и Паулињо (Бразил)
Група Ф – Марк-Андре тер Штеген (Германија)
Група Г – Томас Вермален (Белгија)
Група Х – Јери Мина (Колумбија).