Орбан најави големи промени во унгарскиот Устав

Facebook
Twitter
Email
Print

Унгарската влада наесен ќе започне голема ревизија на Уставот, најави унгарскиот премиер, Виктор Орбан, во интервју за државното радио.

 

Орбан откри дека расправата за промена на Уставот усвоен во 2011 година ќе започне во септември и дека таа би можела да трае до една и пол година.

Познавачите на условите во унгарското општество сметаат дека една од главните цели на измените би била да се оневозможи Европската Унија да ја натера Унгарија да прима мигранти.

 

Агенцијата „Ројтерс“, која Орбан го опишува како десничарски националист, наведува дека тој бил реизбран на функцијата премиер по убедливата победа на парламентарните избори во април.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи