Спортскиот директор на репрезентацијата на Шпанија Фернандо Јеро е новиот селектор на „црвената фурија“ соопштија од фудбалската федерација на Шпанија. Тој ќе го замени Лопатеги, кој вчера официјално доби отказ, но и стана тренер на европскиот првак Реал Мадрид.
Јеро на функцијата селектор ќе биде само за време на Светското првенство во Русија.
Во дресот на Шпанија Јеро има одиграно 89 натпревари, за Реал Мадрид 601 натпревар и има постигнато 127 голови. Како помошник во Реал работеше во сезоната 2014/15, а во сезоната 2016/2017 беше тренер во Овиедо, од каде стана спортски директор на шпанската репрезентација.
Шпанија првиот меч на Мундијалот го игра за два дена, против Португалија.