Успешно е завршена и третата фаза од операцијата за спасување на преостанатите четири деца и нивниот тренер од пештерата на северот на Тајланд, која почна утрово. Тим на тајландската спасувачка единица “Фоки” објави дека сите деца, како и нивниот тренер, се извлечени од пештерата.
„Дванаесеттемина диви мечки и нивниот тренер се надвор од пештерите. Сите се добро, да прославиме“, напишаа тајландските маринци на својот профил на Твитер, алудирајќи на фудбалскиот тим на децата.
Последниот дел од операцијата е излегување на четворицата нуркачи и докторите кои се грижеа за заробените деца и нивниот тренер.
Останатите момчиња кои претходно беа спасени се чуваат во изолација за да не им се пренесе некоја инфекција, но според изворите, се вели дека биле среќни и радосни што се ослободени.
Младите фудбалери и нивниот тренер исчезнаа на 23 јуни и се верува дека тие останале заглавени како последица на ненадеен пороен дожд. Тие беа лоцирани дури по девет дена, по што почна планирањето на сложена спасувачка операција, за која најголема закана беа нови монсунски дождови. Токму од таа причина, властите завчера донесоа одлука да се почне со операцијата, која успешно беше завршена за рекордни три дена.
Ова е една од најинспиративните спасувачки мисии на која светот е сведок и за која е благодарен.