Интернационалниот гитар фест во Крушево оваа година ќе започне на 27 јули со нaстап на Војин Коциќ во домот на култура „Наум Наумовски Борче “. Фестивалот продолжува наредниот ден во градскиот парк со Петар Марков кој ќе одржи свој концерт со почеток во 20:30 часот.
Инаку Гитар фест Крушево официјално е започнат од познатиот крушевски гитарист и музичат од Крушево Христо Мула и почнувајќи од годинава неговиот син ја продолжува традицијата.