„Росонерите“ ја добија битката со УЕФА, ќе играат во Лига Европа

Facebook
Twitter
Email
Print

Италијанскиот гигант Милан ја доби битката со УЕФА и следната сезона ќе биде дел од Лигата Европа откако го доби случајот со спортскиот арбитражен суд во Лозана. УЕФА претходно донесе одлука со која Милан не можеше да настапува на европската арена поради непочитување на финансискиот фер- плеј.

 

Сепак Милан најверојатно ќе треба да го плати финансискиот дел од казната, која изнесува 30 милиони евра.

 

Интересно е што италијанскиот клуб го побарал од УЕФА на увид финансискиот извештај на Париз Сен Жермен, Манчестер Сити и Интер. Откако арбитражниот суд ги разгледал извештаите, одлучи да ја укине забраната од УЕФА.

 

„Росонерите“ натпреварувањето во Лига Европа оваа година ќе го започнат во групната фаза, додека Аталанта ќе мора да оди во квалификации, а Фиорентина, поради враќањето на Милан на европска сцена, останува без настап во Лига Европа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи