Стотици лица се водат за исчезнати откако во југоисточниот дел на Лаос пукнала брана на хидроелектраната во провинцијата Атапеу. Поплавени се шест соседни села, 30 луѓе се загинати, а повеќе од 6.600 останале без дом.
Не е јасно зошто дошло до рушење на браната, а поради надојдената вода луѓето се евакуираат со чамци.
Премиерот на Лаос Тонглоун Сисоулит ги одложил состаноците во владата и се упатил кон областа погодена од поплавите. Локалните власти од владата побарале помош за жртвите, како облека, храна, вода за пиење и лекови.
Браната инаку била изградена од компании од Лаос, Тајланд и Јужна Кореја пренесе Ројтерс.