Поранешниот гитарист на култната македонска група „Леб и сол“, а сега соло изведувач, Влатко Стефановски, синоќа на градскиот плоштад во Крушево приреди одлична забава за присутните. Неговиот настап беше дел од манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“.
Освен на крушевчани, концертот на Стефановски го привлече вниманието и на неговите фанови од околните градови, кои во голем број дојдоа во највискиот град на Балканот да го проследат овој музички спектакл.
146