Денеска во Круево заврши 3-тиот по ред „FIS Ролер ски куп“, посветен на Тоше Проески, на кој што учествуваа 30-тина учесници од Србија, Грција, БиХ и Македонија. И денеска, како и вчера убедливо прв беше нашиот олимпиец, Ставре Јада.
„Овие два медали ги посветувам на прерано починатиот Тоше Проески на кого е посветен овој ролер ски натпревар. За разлика од вчера коха бев премногу пред останатите натпреварувачи, денес решив малку да го намалам темпото, да не форсирам затоа што за 5 дена ме очекуваат други 2 напорни трки во Грција, каде конкуренцијата ќе биде далеку посилна отколку тука во Крушево“, изјави Ставре Јада.
FIS ролер ски куп се одржуваше помеѓу Општините Кривогаштани и Крушево, во должина од околу 12 км. Инаку Ролер скиите се замена за скијање во летни услови. Организатор е скијачката федерација на Македонија, од каде се надеваат дека овој куп ќе стане традиционален со уште повеже гости од целиот Балкан.