Изложба на колажи од прилепскиот уметник Александар Џинго

Во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“ синоќа беше отворена изложба на колажи од прилепскиот уметник Александар Џинго. Изложбата предизвика голем интерес кај љубителите на ликовната уметност, а ја  отвори м-р Оливера Богатиноска, која посочи дека колажот како ликовна композиција е основен двигател на фигурите, кои пак рефлектираат спротивни емоции и сензибилитет во новата реалност, каде што се затекнати.

 

„Авторот го оправдува тоа преку одличното познавање на илузија на текстура во визуелната уметност. Се чини дека намерно е прекинат обидот за дијалог на фигурите со публиката, тие одбиваат прашања, не нудат одговори, а изразите на лицата оддаваат рефлексии од сопственото искуство…. Во делата на Џинго е присутна постојана акомулација на сопствените идеи и потребата од целина.Ова холистиќко поимање на светот кој го набљудува и овојпат успешно го претставил преку конструктивниот баланс на фигурите и просторот, како нивна омуникација“, рече Богатиноска.

 

Џинго досега има реализирано бројни самостојни и групни изложби, член е на ДЛУП и бил учесник на повеќе ликовни колонии.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи