Судот во Сеул го осуди Ли Мјунг-бак, поранешниот претседател на државата, на 15 години затвор поради корупција.
Ли беше обвинет дека примил околу 10 милони долари нелегални средства од компании. Тој ги отфрли обвинувањата и изјави дека истрагата е политички мотивирана. Седумдесет и шестгодишниот Ли беше претседател од 2008 година до 2013 година. Покрај затворската казна треба да плати и парична казна од 10 милони евра.
Ли е четвртиот претседател на Јужна Кореја кој ќе оди во затвор. Неговата наследничка Парк Геун-хје е затворена поради корупциски скандал. Таа беше сменета од функцијата во 2017 година.
Тој се наоѓа во затворот во Сеул од апсењето во март.