Теодора Ристеска е еден од годинешните добитници на наградата диплома за празникот „3-ти Ноември“ за постигнувања во џудо спортот и освоените 15 медали во текот на последната година.
Ристеска веќе 4 години тренира џудо во ЏК „Бушидо“. За краток период со упорна работа, тренинг и љубов кон овој спорт успеа да освои повеќе меѓународни и државни медали. Таа е државен првак на Република Македонија за 2017 и 2018 во јунирои и кадети, како и државен репрезентативец за 2018 во кадети. Учи спортска гимназија во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.
Теодора вели дека најмногу во нејзиниот успех и помогнале советите и тренерот Рубин Пеески и вели дека се надева еден ден да го донесе Европскиот златен медал во џудо во Прилеп.