Бројот на настрадани во најсмртносниот пожар во Калифорнија достигна 79, а околу 700 лица се исчезнати. Во катастрофата најпогоден беше градот Парадајз, каде се уништени повеќе од 12.000 домови.
Шерифот на округот Бјут, Кори Хони, тврди дека списокот на имиња на оние што исчезнале за време на разорниот пожар се намалил на 700 од првичните 1.000 лица што беа објавени во понеделникот.