Промоција на аматерски документарни филмови во град Прилеп

Фото Кино Клубот од Прилеп ве поканува на проекција на краткометражни, аматерски документарни филмови коишто не се прикажани на пошироката публика. Филмовите се изработени од млади автори од Клубот кои во изминатите години освоија бројни награди на повеќе фестивали.

 

Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Македонија во рамките на манифестацијата „Млади Европејци“. Целта на оваа манифестација е да се поттикне и активира независната културна сцена и да се создадат еднакви можности за сите и да се обезбеди „култура до сите и за сите и тоа со рамномерна географска застапеност на културата во сите плански региони“.

 

Проeкцијата ќе се оддржи на 16.12.2018 година (недела) со почеток во 18 и 30 ч во Кино “Мис Стон” – Прилеп.  Влезот е слободен !

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци