Новинарите кои известуваа од упадот во Собранието на 27 април ќе ја тужат државата, бидејќи не ги заштитила. Најмалку 15 новинари се вклучени во иницијативата, но таа е отворена за сите кои известувале тој ден – сниматели, фоторепортери, но и вработени во законодавниот дом.
Тужбата ќе ја покренат по член 166 од од Законот за облигационите односи кој се однесува на „одговорност поради терористички акти, јавни демонстрации и манифестации“.
Во граѓанска постапка ќе бараат надомест на штета и утврдување на одговорност на пратениците кои со преземање или непреземање на дејства учествувале во созадавањето на штетата. Судските трошоци сами ќе ги подмируваат, а ќе ги застапува адвокатско друштво.