Антизападната и криминална ВМРО-ДПМНЕ и во опозиција не отстапува од нивните добро познати методи на ширење страв помеѓу граѓаните, преку пласирање на лажни вести и неосновани информации. Велат во писмената реакција од СДСМ на денешниот прес на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Реакцијата ја пренесуваме во целост.
„Времето на „МВРО-ВМРО“ кога постоеше коалиција помеѓу криминалот и власта, заврши со падот на ВМРО-ДПМНЕ од власт во Република Македонија. Денес, полицијата работи професионално и независно и е вистински партнер и заштитник на граѓаните. Тоа се потврдува и со последната анкета направена од страна на ОБСЕ, којашто покажува дека 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедно и сигурно.
Денес, институциите се предводени од професионални и одговорни кадри, работат во интерес на граѓаните и неселективно постапуваат на секое прекршување на законите, а стапката на криминал е драстично намалена. Никој не може и нема да биде над правдата и законот, без разлика на политичката провиненција или положба во општеството“, велат во реакцијата од ОО на СДСМ Прилеп.