„Македонија лек“ ќе плати казна до 50.000 евра за погрешно декларираните вакцини

Facebook
Twitter
Email
Print

Дистрибутерот на МРП-вакцините кои имаат декларации со поминат рок „Македонија лек“ ќе плати казна во висина од 25.000 до 50.000 евра, но нема да остане без дозвола за работа. Колку точно ќе биде казната, од Агенцијата за лекови се уште не кажуваат, бидејќи се уште се прибираат погрешно декларираните вакцини, а траат и консултациите со правниот сектор во Агенцијата за дефинирање на прекршокот и казната.

 

„Согласно законот за ваков прекршок казната се движи од 25.000 до 50.000 евра. Нема да се одземе дозволата за работа, бидејќи се утврди дека пропустот е технички, сепак тука не станува збор за шверцувани лекови или лекови со поминат рок“, вели Ќахил Ибраими, директорт на Агенцијата за лекови.

 

Конечната бројка на погрешно декларинани вакцини достигна до 624. Како што објаснува Ибраими, декларациите биле погрешно испечатени, а не биле стари како што првично се мислеше.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи