Почитувани, излажани и изманипулирани од политиките на СДС, сограѓани! Пред 11 месеци алармиравме за ова што се случува денес. Опоменавме дека фитилот на македонскиот раздор е запален токму од Прилеп, од под Градскиот часовник! Рекоа на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Тогаш тие што Ве излажаа, се обидоа да го изгаснат со манипулации и пресови дека не сте слушнале добро или дека вмровците ве лажат дека Прилеп ќе е двојазичен! Изгледаа наивно, со вчудоневиден поглед сите околу Зоран Заев!
Но, почитивани прилепски, доктори, професори, земјоделци, пензионери, вработени во Јавни претпријатија, Тутунски, Еурокомпозит, Цепенков, судии, пожарникари спремајте ги двојазичните печати наместо плати пд 100.000 ден., двојазични табли, двојазични униформи, двојазични пари…
Хари Локвенец и Кети Смилеска со гордост ја искористија Вашата поддршка на 11 декември и вчера гласаа Прилеп да стане двојазичен!
Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе се бориме со сите средства против овој противуставен закон!
Гласот за нас на 15 октомври ќе е ветер во грб за нашата борба и чекор кон конечната цел!
Заминување на оваа Влада која само за 100 дена ги распродаде сите национални интереси“, рекоа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.