Вечерва во 19 часот количината на ПМ10 честички во Прилеп изнесува 1.012 микрограми по метар кубен, со тенденција на раст, а индексот на квалитетот на воздухот (AQI) е 562. Експертите велат дека според светските стандарди, кога овој индекс ќе надмине вредност 300, се прогласува вонредна состојба.
Но, за Прилеп, изгледа овие катастрофални бројки не важат. Граѓаните се во паника и заслужуваат итен одговор !
Само за потсетување Скопје вчера беше прогласен за најзагаден град во светот кога индексот на загадување во еден часот по полноќ беше 430 (AQI).