Езерото Атабад во северниот дел на Пакистан настанало на 4 јануари 2010 година по голем одрон на карпи. Одронот бил кобен за дваесет локални жители во долината на реката Хунза и предизвикал невидена штета за илјадници луѓе во областа.
Протокот на реката Хунза беше блокиран пет месеци, со што беше оневозможен нормален живот во околните села, а кога водата почнала да продира преку природната брана, многу места, патишта, училишта, продавници и куќи биле поплавени.
До овој дел од Пакистан можело да се дојде само со хеликопте, поради што многу луѓе останале без храна, вода за пиење и медицинска помош.
Сепак, од оваа природна катастрофа беше создадено и неверојатно мало езеро, кое во јуни 2010 година беше долгo 21 киломатар, а на некои места достигна длабочина од повеќе од 100 метри.
Тиркизната боја во која се огледуваат околните планини во меѓувреме стана туристичка атракција посетена од илјадници туристи од целиот свет.