Во Прилеп се отвори „Центар за рехабилитација на жртви од тортура“, единствен од ваков тип во Македонија, која на жртвите и нивните семејства сместени коии биле подложени на тортура во државни институции, како затвори, старски домови, домови за деца без родители, психијатриски болници и други државни установи, ќе им нуди бесплатна правна помош и психолошко советување. Од 1 јануари до сега биле детектирани 3 случаи на тортура.
„Со жртвите ќе работат различни профили на луѓе како психијатри, психолози, доктори, правници, овозможени се амбуланстки лекувања, процесуирање на сите процеси на суд, нивно застапување, а еднаш годишно треба да поднесеме и извештај за состојбата до ОН“, изјави Гоце Тодороски, извршен директор на ЦГИ.
„Ние соработуваме со сите државни институции како министерството за правда, Управата за извршување на санкции, Министертсвото за труд и социјална политика, затворите“, рече Кристина Павлоски, психолог.
Проектот го спроведува Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп, а истиот е поддржан од ЕУ.
„Овој проект доаѓа во вистинско време кога Македонија се соочува со процес на евро интеграции и кога прашањето за човековите права е горлив проблем и за вашата земја“, истакна Фрик Јанмат, претставник на ЕУ.
Партнер на овој проект е организацијата ИАН од Србија.
„Тортурата ја нанесуваат службени лица или некој кој делува во негово својство или тој што ја наредува и тој се смета како сторител. Дури и неинтервенирањето на полицијата при пријава на семејно насилство се смета за тортура“, рече Јелена Лончаревиќ, ИАН Србија.
Проекот се реализира и во Србија и истиот ќе трае до 2020 година.