На 28 февруари во 09.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во куќа на улица „Цане Коњарец“ во Прилеп има починато лице. Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп излегле на местото и било констатирано дека станува збор за лицето С.С. (28) од Прилеп и дека нема траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот била извршена обдукција.