Патник фрлил неколку монети во моторот од авион на кинеската нискобуџетна авиокомпанија „Лаки Ер“, пред да се качи на летот од Ансинг до Кунминг.
Иако фрлањето парички во моторот „за среќа“ е обичај во многу делови на светот, тоа е исклучително опасно, бидејќи монетите може да предизвикуваат сериозна штета, па дури и целосно откажување на моторот.
Патникот, идентификуван само како Лу, веќе доби седум дена притвор.
Поради „испадот“ на Лу, летот бил откажан, а авиокомпанијата соопшти дека паричките „предизвикале штета од 20.000 долари“, поради одлагањето на летот за 160 патници.