Со традиционалниот ручек во манастирот „Свети Ѓорѓија“ организиран од страна на „Прилепските мечкари“, заокружено е годинешното 18-то по ред издание на Меѓународниот карневал „Прочка 2019“.
На ручекот присуствуваше и градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски. Јованоски нагласи дека „Прилепските мечкари“ ги имаат најголемите заслуги за речиси дведецениската традиција на одржување на карневалот.
На ручекот со кој официјално почнуваат велигденските пости, присуствуваа околу 250 гости од Прилеп, меѓу кои и 40 члената група од Бугарија, која годинава беше дел од манифестацијата „Прочка 2019“.