ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Лекарите од прилепската болница заминуваат, а нема ниту еден специјализант

За само две години СДС успеа да го урниса здравството и да го доведе до тотален колапс. На први март почнува првиот семестар за специјализанти на медицински факултет УКИМ Скопје. За прв пат после неколку години, од повеќе болници и клиники државни специјализанти ќе ја започнат специјализацијата и тоа за прв пат во време на владеење на СДС, иако поминаа веќе две години. Но од прилепската болница нема да започне ниту еден специјализант. Истакнаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Последните специјализанти се упатени во март 2015 година ( пред точно четири години ). Иако пред да дојдат на власт СДС постојано критикуваа како тоа немало доктори, откога дојдоа на власт не упатија ниту еден доктор на специјализација, иако во октомври 2018 година имаше распишан конкурс за специјализации на кој уредно се пријавија кандидати и беа потврдени од управниот одбор и Министерството за здравство.

 

Сепак, на крајот огласот поради некои неразумни причини не беше прифатен од деканатот на медицински факултет УКИМ Скопје и истиот пропадна. Постои недостаток на доктори во прилепската болница, а со тоа веројатно се заканува затворање на некои одделенија. Прашуваме дали директорот на болницата потпишал согласност за префрлање на две докторки во Скопје, а еден доктор си заминал во Германија?

 

Директорот како менаџер наместо да се грижи да обезбеди доктори специјалисти и нови медицински апарати за потребите на граѓаните на Прилеп, тој ја снабдува болницата со микробранови печки, ѓезвиња за кафе, кафемати, фритези и шкафови.

 

За брзо време доктори ќе си одат во пензија. Тој како хирург знае дека оваа година двајца хирурзи си заминуваат во пензија и хируршкото одделение останува со тројца доктори. Градоначалникот како ортопед знае дека еден доктор замина во пензија. Тој напушти за да ја преземе функцијата градоначалник, а оваа година уште еден доктор си оди во пензија и друг најавува заминување во приватно здравство, со што ортопедско одделение ќе остане со тројца доктори.

 

Незаинтересираноста на СДС за подобро здравство за прилепчани може за брзо време да доведе до затворање на прилепската болница или одделни одделенија, со што пациентите ќе мора да се упатуваат за сите видови операции и интервенции во клиниките во Скопје.

 

Здравствениот дом тоне во долгови! Директорката не реализира ниту еден единствен проект во изминативе две години, а негрижата и непроменетите гуми на едно од возилата од Итната медицинска помош ќе резултираше со фатални последици по животот и здравјето на вработените и пациентите.

 

Почитувани, хаосот кој го донесе СДС во здравството ќе остави негативни далекусежни последици како за нас, така и за генерациите кои доаѓаат по нас. И наместо да се продолжи трендот на унапредување на здравствениот систем и инвестирање во здравствените установи во Прилеп, добивме тотален крах кој негативно сеодразува по обичниот граѓанин“, истакнаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи