Одзивот на парламентарните избори во Северна Кореја е 99,99 отсто, објавија државните севернокорејски медиуми.
Оваа година, одзивот е речиси 100 посто, бидејќи само Севернокорејците кои работат во странство или на море не гласаа. Изборите се одржаа во недела а на гласачките ливчиња имаше само еден избор, Работничката партијата, одностно партијата на Ким Јонг Ун.
Парламентарни избори во Северна Кореја се одржуваат на секои пет години, а членовите на парламентот кои се избираат, претходно се предложени. Иако имаат само едно име за избор на гласачкото ливче, гласачите сепак имаат две опции, или да го заокружат, или да го пречкртаат, што во пракса второто речиси никогаш не се случува.
На претходните избори во 2014 година, одѕивот на гласачите беше 99,97 отсто.