Изградбата на најдолгиот подморски железнички тунл на светот што ќе ги поврзува финската и естонската престолнина, Хелсинки и Талин, ќе чини 15 милијарди евра и треба да почне по неколку години. Тунелот ќе се протега на повеќе од сто километри, а подразбира и изградба на барем еден вештачки остров, што го прави еден од најголемите инфраструктурни проекти во Европа.
Владите на Финска и на Естонија соопштија дека ќе работат на обезбедување средства од ЕУ за тунелот, со што ќе се намали учеството на приватниот капитал. Иако изградбата уште не е почната, билетите за возот од пред три месеци се во продажба. Еднонасочен билет чини 50, а годишен 1.000 евра.
Според проценките изградбата на овој тунел би требало да стартува во 2024 година.