Наскоро започнува проектот за заштита и доуредување на комплексот Маркови Кули кај Прилеп со грант од ЕУ тежок 100.000 евра. Со овој проект ќе се подобри присталноста и безбедноста на локалитет, но ќе се уредат и повеќе туристички содржини.
„Како прва фаза ќе бииде поставување на видео мониторинг систем и осветлување на дел од локалитетот согласно оние нормии кои нема влијаат инванзивно врз флората и фауната, односно нема да го нарушуваат биодеверзитетот на биографската целина Маркови Кули. На потегот на кај карпата „Слон“ ќе биде поставена и „Инфо Точка“ каде што ќе можат сите посетиители повеќе да се информираат за локалитетот. Се планира и дел реконструкција на постоечкиот пат“, истакна Борче Јанкулоски, сектор за ЛЕР, Општина Прилеп.
Проектот се изработува заедно со Институтот за Старо-словенска култура кој управува со ова заштитено подрачје кое сега се наоѓа на привремената листа на заштита на УНЕСКО, а во тек се повеќе процеси како овој проект за да локалитетот влезе на постајаната листа на УНЕСКО.
„Почнуваме да го зачувуваме и анимираме просторот бидејќи ова нас ни е многу битно не само од аспект на анимирање на населението, туку и со оглед на тоа дека иимаме амбициозни планови за постојаната листа на УНЕСКО. Таму претендираме како мешовито добро и тоа како природни и културни вредности. Особено во овој момент ни се особено важни културните вредности. Така што овој проект има исклучиително големо значење за Институтот после еден период каде дел од активностите, дури и елементарните беа целосно замрени“, изјави Бранислав Ристески, директор на Институтот за Старо–словенска култура во Прилеп.
Во тек е усвојување на нацрт-план за управување со ова заштитено подрачје, кој што ќе биде пак основа за сите понатамошни активности. Општина Прилеп распишува награден конкурс за најдобар цртеж – лого за Маркови Кули на кој можат да учествуваат сите ученици од основните и средни училишта, а најдоброто лого за Маркови Кули ќе се употребува и во овие апликациии за УНЕСКО.
Инаку после Охрид се очекува Маркови Кули да биде вториот регион во Македонија кој ќе биде на постојаната листа на заштита на УНЕСКО.