Мексиканските власти издадоа жолто предупредување откако вулканот Попокатепетл доцна синоќа еруптираше и почна да исфрла огромно количество густ пепел. Вулканот се наоѓа на само 70 км од мексиканската престолнина, Мексико Сити. Властите апелираа граѓаните да се држат во круг од 12 км од кратерот.
Попокатепетл, кој преведено од јазикот на Ацтеките значи “планина што чади”, ја зголемува активноста во текот на последните неколку недели. Подготвувајќи се за најлошото сценарио, властите изготвија посебен оперативен план кој овозможува брза евакуација на локалното население во случај на итни случаи. Највисокиот врв на Попокатепетл е 5.426 метри.
Во меѓувреме, фотографии и снимки од ерупцијата го преплавија интернетот.