Британски авион кој полетал од Лондон, а требало да слета во германскиот град Диселдорф, поради грешка слетал во Единбург во Шкотска, пишува Би-би-си. Грешката се случила поради погрешен план за летање што го добил пилотот.
Патниците сфатиле по слетувањето дека слетале во друга земја, во моментот кога им било кажано: „Добре дојдовте во Единбург“.
„Им се извинивме на патниците и ги контактиравме сите посебно“, јавија од компанијата „Бритиш ервејс“, но не открија колку патници имало на летот.
Во Единбург, авионот наполнил гориво и тргнал директно за Диселдорф.