Лувр – најпосетуваниот музеј во светот

Парискиот музеј Лувр е најпосетуваниот музеј на светот, со повеќе од 10 милиони луѓе лани, посочува новата ранг листа на „Арт Њуспејпер“.

 

Посетеноста на музејот е за 26 отсто повисока од пред две години. Една од причините за поголемата популарност на Лувр е видеоспотот на Бијонсе и Џеј-Зи снимен во него.

 

На второ место на листата е Националниот музеј на Кина во Пекинг, а на трето – Метрополитен во Њујорк, САД.

 

Натаму во првите 10 се и Музејот на Ватикан, галеријата Тејт во Лондон, Лондонската национална галерија, Националната галерија на уметностите во Вашингтон, Ермитаж во Санкт Петербург и Музејот на Викторија и Алберт во Лондон.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира