Од утре ЕВН започнува со усогласувањето на броилата за евтина тарифа на струјата и очекува до октомври, кога почнува грејната сезона 800.000 семејства да добијат евтина струја.
„За оваа година може да очекувате намалување на цената на електричната енергија. За долгорочно тоа зависи од глобаниот пазар на електрична енергија. Мора да се одлучува година по година, изјави денеска во Охрид Штефан Петер претседател на УО на ЕВН.
Министерот пак за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски најавува инвестирање во соларни паркови и субвенционирање когенеративни уреди на домаќинства.
„Република Македонија мора да го зголеми сопственото производство на електрична енергија и да го намали увозот, притоа водејќи сметка за зачувување на чистата животна средина преку поголема експлоатација на обновливи извори на енергија“, вели Манчевски.