Денеска почина режисерот Златко Славенски, според првичните и неофицијални информации Славенски починал за време на часовите со студентите на Факултетот за драмски уметности каде Славенски беше професор и шеф на катедрата за театарска режија. Тој имаше 53 години.
Славенски во богатата кариeра ги има поставувано текстовите на Шекспир, Гете, Пинтер, Горан Стефановски, Сашко Насев, Венко Андоновски.
Меѓу насловите кои ги има поставено се: „Будење“, „Соларис“, „Папокот на светот“, а меѓу последните претстави му беа „Бесови“ во 2011 и „Сината птица“ во Македонскиот народен театар (МНТ) во 2014 и „Кавкаски круг со креда“ во Драмски театар во 2013.