Мажите, и двајцата на возраст од 22 години, правеле скара во планински шумски дом, кој му припаѓал на дедото на едниот од нив, кога на 30 декември минатата година избувнал пожар. Огромната сметка за двајцата студенти е пресметана од страна на локалните власти врз основа на формула која се користи да се одреди степенот на штета предизвикана од пожар.
Еден од студентите за италијанските медиуми изјави дека тие се „жртвени јагниња“ на пожарот. Зборувајќи за италијанскиот весник Ла стампа, еден од студентите изјави дека „длабоко жали“ – но рече дека имало повеќе извори за појавата.
„Ние сме жртвени јагниња за пожарот што не може да се објасни. Ние сме вистинските жртви во приказната. Веднаш ја повикавме противпожарната бригада и се нафрливме на пламените во обид да ги изгасиме“, рече тој.
Обвинителите го следеле патот на огнот назад до имотот и рекоа дека бил започнат од жарот на скарата комбинирано со исклучително сувите околности. Пресудено е дека двајцата се заеднички одговорни, заедно со сопственикот на имотот.
Огнот траел неколку дена, уништувајќи околу 1.000 хектари шума на Монте Берлингхера – штетата предизвикана на околу 100 хектари се смета за непоправлива.
Адвокатката на едниот студент за весникот изјави дека пресудите треба да бидат значајни и да имаат смисла, што сега не е случај.
„Што е смислата да се наметне ваква административна санкција, знаејќи дека двете момчиња, се уште се студенти, и не можат да ја платат?“, рече таа.
Обвинителите за локалниот дневен весник Ил Џорно Комо изјавија дека казната „е сигнал до граѓаните дека мора да преземат поголема одговорност при заштита на животната средина“.