Целиот мој живот му го посветив на Прилеп и Вам, граѓаните од Прилеп. Мој предизвик, но истовремено и моја обврска, е Прилеп да биде место за достоинствен живот за сите. Затоа, ставаме крај на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, на Марјан Ристески, на Никола Груевски и нивната криминална тајфа. Рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник за Прилеп од СДСМ, Илија Јованоски.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Изминативе три месеци во Македонија, Владата на СДСМ ја врати слободата и демократијата. Сите процеси тргнаа напред. Сигурно чекориме по патот на економската консолидација и обезбедување пристоен живот за сите!
Граѓаните на општина Прилеп даваат масовна поддршка на политиките „За живот во Македонија“. Сега, на овие избори го враќаме животот и на локално ниво.
Градиме инфраструктура по план, одговорно, квалитетно и домаќински. Патишта, улици, канализации за сите.
Обезбедуваме повеќе пари за општините, а со тоа и повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин на Прилеп.
Со мене како градоначалник на Прилеп, со целосна поддршка на советниците од коалицијата на СДСМ, а особено со Ваша поддршка, Прилеп ќе биде современа, функционална, достапна и услужна општина за сите.
Гасифицирана општина! Тоа значи, намалени трошоци и за домаќинствата и за компаниите. Дополнителен ефект ќе биде чиста животна средина, наместо загаден воздух!
Веднаш ќе ги намалиме сметките за вода, за 20 отсто!
Две нови детски градинки, што значи соодветно згрижување на секое дете, а не како досега, гарантирано место со партиска книшка!
Освен покачувањето на пензиите од 2160 денари годишно, воведуваме бесплатен јавен превоз за сите пензионери, секој работен ден од 09 – 11 часот!
Младите луѓе не се само наша иднина, туку и наша сегашност. Да им помогнеме да се вградат во нашата општина.
Очекувајте ме, во вашиот дом, со мојата програма „Живот во Прилеп за сите“. Јас сум Илија Јованоски, и во Прилеп ќе има живот за сите!“, истакна Јованоски.