Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница отвори два предмети против актуелниот лидер на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Првиот предмет е за добивањето на 33.000 метри квадратни државно земјиште за изградба на хидроцентрали и доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија со изградба на хидроцентрали на фирмата „Енерго тек” ДО Скопје, чиј основач е Мицкоски. Комисијата го повика портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов да ги достави сите податоци со кои располага околу овој предмет, бидејќи токму тој го изнесе во јавност на прес конференција.
Вториот е дека во септември 2016 година Мицкоски е именуван за директор на АД ЕЛЕМ од страна на надзориот одбор, а истовремно продолжил да биде и надворешен соработник – советник на тогашниот премиер Никола Груевски од областа на енергетиката.
И двата случаи се покренуваат по допрен глас.
Овие два предмети, констатира ДКСК се класичен пример на злоупотреба на функции и судир на интереси.