Неповратни 50 милиони евра од ЕБОР за два автопати

Facebook
Twitter
Email
Print

Со 50 милиони евра неповратни средства од Европската банка за обнова и развој ќе се градат автопатиштата Скопје – Блаце и првата траса од делницата на  Кичево – Гостивар. Ова го истакна министерот за фианaнсии Драган Тевдовски на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој, кои се одржуваат во Сараево.

 

„Договоривме поддршка за идниот период – изградба на важни патишта во нашата земја. Тоа се автопатот Скопје-Блаце и на Кичево-Гостивар, односно првата фаза Кичево-Букојчани, како и изградба на електронски патарини долж Коридорот 8 и на патот Миладиновце-Штип“, рече Тевдовски.

 

Инаку ЕБОР во јавниот сектор во земјава финансира најмногу проекти од патната и железничката инфраструктура. Портфолиото на банката во овој сектор изнесува 622 милиони евра.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира