Со доделувањето на наградите на најуспешните синоќа на Рудина кај Долнени заврши јубилејниот 45-ти фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Гран-при наградата за најдобри изведувачи ја доби културноуметничкото друштво „Панче Пешев“ од Куманово, а „Гајдата на Пеце“, што ја доделува Општина Долнени, ја доби гајдаџијата Санде Николов од Фолклорниот ансамбл „Мугри“ од Кочани.
КУД „Панче Пешев“ од Куманово е едно од најстарите Друштва на Балканот кое постои речиси 90 години и на Фестивалот учествува уште од првото издание. Санде Николов е успешен долгогодишен гајдаџија кој со задоволство го негува гајдаџиството.
На Фестивалото во двата дена, во Прилеп и на Рудина кај Долнени, учествуваа околу 300 изведувачи сите краишта на Македонија, а имаше гости од Бугарија.
Најубилејниот фестивал се одржа симпозиум и беше промовиран Зборникот со научни трудови на тема „Фолклорот во минатото и денес“ при што еминентни музиколози и етнолози го истакнаа значењето на богатиот изворен мелос за зачувување на културните придобивки,како и улофата на Фестивалот „Пеце Атанасовски“ во негувањето на народните инструменти и песни и можноста да се пренесува на младите генерации.
Во рамките на Фестивалот се одржа и петдневен семинар- работилница во која 10-ина младфи истражуваа, изучуваа песни и инструменти на терен во околината на Прилеп и на Долнени.